Потресна исповед на скопјанка која доживеала хорор на патот Кратово – Страцин


Пред два дена, младата скопјанка С.В. (30) тргнала на пат од Кратово за Скопје, но она што претстоело таа ниту најмалку ниту го очекувала, ниту го претчувствувала. Само за момент, сите тековни планови паднале во вода, а нејзиниот живот бил во голема опасност, пишува Tочка.9823786345435-77609
– Сабајлето тргнав накај Скопје, возев по автопат и на Страцин најпрво ми излезе куче сред пат, но го избегнав за да не го удрам, но само што се спуштив по надолницата го оставив автомобилот во лер и како што продолжив да се лизгам, автомобилот почна одеднаш да се врти, за на крајот да удрам во банкината, а потоа како што урив, автомобилот беше буквално дигнат во вис и беше отфрлен во провалијата, ја започнува својата приказна С.В. за Точка.

– Како што паѓав, се превртував сигурно некаде 10 пати, додека постојано се молев автомобилот да застане, зошто во себе си си реков, готово е, јас тука ќе умрам, тука ми е крајот, но како што застана после толку превртувања, автомобилот остана превртен на покривот. Веднаш го извадив ременот и паднав, а веднаш потоа и сфатив дека не можам да излезам бидејќи вратите беа заглавени. Автомобилот набрзо започна да чади, па токму затоа собрав сила и го скршив прозорецот до мене со нога, излегов од автомобилот, си го земав само мобилниот којшто го најдов паднат надвор и веднаш започнав да се качувам кон автопатот. Првиот автомобил којшто се појави го сопрев, човекот беше од Пробиштип и тој веднаш ги зема моите лични предмети од превртениот автомобил, повика полиција и итна медицинска помош, а кога дојде полицијата едноставно не можеше да поверува дека сум излегла жива и здрава од ваква сообраќајна незгода, вели С.В.soobrakajka-stracin-novo-top-tocka-izjava-01

– Среќа во несреќа е што јас сум добра, но автомобилот повеќе не може да се поправи. Всушност, најголема среќа е што и покрај таквиот терен, автомобилот застанал таму, а јас сум жива и здрава. Едноставно, Господ ме чувал, додава таа.

– Човекот којшто го застанав ми помогна за сè, бидејќи јас сè уште бев во огромен шок. Откако дојде брзата помош и откако бев во болница, се вратив да го видам автомобилот и да ги земам преостанатите лични предмети. На крајот, и конечно се вратив во Скопје, но без својот автомобил, но повторно ќе кажам, жива и здрава…

– За некое чудо, немам скршеници, само големи модринки и гребаници по екстремитетите, а откако ќе направам дополнителни анализи и ќе видам дали можеби има сепак некаква посериозна повреда, вели С.В за Точка.

– А што се однесува до чувството додека се доживува нешто вакво… Чувството коешто човек го има додека неговиот автомобил се превртува во правија е страшно… Очекуваш дека можеш да умреш буквално во секој момент и дека автомобилот ќе те смачка. Во мојот случај, автомобилот се преврте најмалку 10 пати. Сега сум сè уште во шок и сè уште не знам што се случило, но сум среќна што сум останала жива и здрава, бидејќи ваквите сообраќајни незгоди најчесто се и фатални…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1