Потресната животна приказна на Софија Вергара: И го убиле братот, имала рак, и го уапсиле момчето поради убиство


Софија Вергара, која денес важи за една од најбараните актерки во Холивуд, имала многу животни проблеми, убавицата од Колумбија немала лесен живот.

Таа е родена во 1972 година како шесто дете во градот Баранкила. Додека студирала стоматологија, одлучила да се омажи са својата средношколска љубов Џо Гонзалес.

03-sofija-vergara-543513696622_ori

Нејзиниот брак траел две години, а после разводот одлучила да се занимава со моделство. Во 1998 година, нејзиниот брат Рафаел бил убиен, што многу ја депримирало славната актерка.

„Рафаел веќе еднаш беше киднапиран. Откако беше ослободен, почна да носи пиштоли а телохранителите беа покрај него. Еден ден излегол на улица без нив, а киднаперите го застрелале кога сакал да посегне по пиштолот“, раскажа Софија во едно интервју.

Преубавата актерка имала проблеми и на љубовниот план. Во деведесеттите години се забавувала со извесен Крис Пасиели, за кого многумина тврделе дека е мафијаш.

Во 2000 година на Софија и` бил дијагностициран рак на тироидната жлезда. Таа била подложена на терапија со јод и целосно закрепнала. Таа иста година, нејзиното момче Крис бил уапсен поради убиство на домашна помошничка.

Актерката исто така се обидувала да му помогне на својот брат Хулио, кој пред неколку години бил уапсен поради дрога. Исто така, се зборуваше дека Софија била во врска со некогашниот нарко-бос Андрес Лупез.

Точка.ком.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1