Потресно сведоштво за хоророт во Скопје – протест пред домот на монструмот кој уби куче


Денес во 13 часот револтираните граѓани, се собираат на протест пред куќата и фирмата на монструмот кој вчера сред бел ден ладнокрвно уби мирно улично куче со секира.kuce ubieno

На настанот биле сведоци сите кои се нашле во моментот во преполниот Радио Бар во Дебар Маало. Никој немал време да реагира затоа што без да прави никаква бука се приближил до кучето кое спиело на плочникот и го убил со секирата, а потоа го дотепал со големото дебело дрво што го носел во другата рака.

Кучето се викало Идриз, било локален миленик кој бил уредно вакциниран и третиран со соодветна книшка од ветеринар. Идриз чекал да биде вдомен затоа што монструмот пред само една седмица го тепал на истата таа улица со метална шипка и се заканувал дека ќе го убие. И вчера, си го одржа ветувањето.

Бараме најстрога казна за злосторникот, тој ќе биде гонет по повеќе основи. Тоа е садист и психопат кој веќе го години извршува вакви и слични кривични дела. Перверзните садисти како него се опасност по безбедноста на секого од нас и ние мора да го исечеме во корен таквото девијантно однесување затоа што тој денес уби куче, но утре ќе убие и човек!

Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1