Поцрвене реката Брегалница кај Штип – што се случува?


По течението кај Штип, втор пат за само неколку дена водата во реката е црвена, а трет пат со сменета боја, јавува Курир.

Неодамна, според сведочењето на жителите на Ново Село, реката добила темна боја, речиси црна.

Фото - Курир.мк

Фото – Курир.мк

Црвенилото во реката е видливо од населбата Македонка, каде е колекторот, но и неколку индустриски капацитети, меѓу кои и фабриката за деним, Јагјамезлер.

Еколошки инспектор излегол на терен и земал мустри, по што ќе биде појасно од што и кој ја обои Брегалница.

-Кој е причинител не знаеме. Нема помор во Брегалница. Испуштање на обоени материи во реката е забрането, вели Владимир Черкезов од Државниот инспектор за животна  средина.

Анализите ќе бидат готови за 7 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1