Потврден првиот случај на ебола во САД


Американски лекари го потврдија првиот случај на присуство на смртоносниот вирус на хеморагиската треска ебола во сојузната американска држава Тексас, кај пациент хоспитализиран во понеделникот, пишува порталот PzFeed, кој се повикува на Центарот за контрола на болестите и превенција на САД (CDC), што е првиот потврден случај на еболата во оваа земја.

Мажот бил сместен во специјален карантин во клиниката „Presbyterian Hospital“ која се наоѓа во Далас. Лекарите во понеделникот ги спровеле сите неопходни анализи и нивните наоди го потврдиле присуството на вирусот на еболата кај пациентот, што беше објавено во вторникот попладне по локално време.ebola345

Како што пренесува агенцијата AFP, пациентот се заразил со вирусот во Либерија и подоцна се вратил во Тексас. Раководството на клиниката преземало специјални мерки за заштита на лекарите, персоналот и другите пациенти од можно заразување.

Вирусот на еболата екстремно брзо се шири во Западна Африка. Во моментов епидемијата е регистрирана во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја, Нигерија, Демократска Република Конго и Сенегал. Смртноста на оваа најлоша епидемија на еболата во историјата е 53 отсто. Според светската здравствена организација (СЗО – WHO), вкупниот број потврдените случаи на еболата во петте западноафрикански земји, Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне, Нигерија и Сенегал, изнесува 6.574 лица од кои 3.091 имале фатални последици.

Вирусот на еболаа се шири преку незаштитен директен контакт со крв или секрети од заразено лица, како и преку контакти со предмети кои биле контаминирани од заразено лице. Засега не постои специјален третман за еболата, а во моментов се испитуваат повеќе потенцијални лекови и вакцини, за кои се смета дека ќе бидат ефикасни во справувањето со оваа болест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1