Претседателот на НСДП Тито Петковски ќе треба да му исплати 650.000 денари на премиерот Никола Груевски, затоа што ја нарушил неговата чест и углед.
Скопскиот апелациски суд во целост ја потврди првостепената пресуда со која Петковски треба да исплати отшета, потврдуваат за МТВ од апелацискиот суд.
Груевски го тужеше Петковски за клевета објавена во неделникот „Фокус“. Авторот на текстот ја пренесе изјавата на Петковски кој рекол дека непосредно пред одржувањето на Самитот на НАТО во Букурешт, премиерот Груевски испратил писмо до генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун со кое го прифаќа предлогот на медијаторот Нимиц за промена на уставното име – Република Македонија (Скопје).