Потврдена првата смрт на руски војник во Сирија – 19 годишник, самоубиство


Родителите на 19-годишниот руски војник по договор Вадим Костенко, кој служел во воздухопловната база Хмејм во Сирија изјавија во вторникот дека од министерството за одбрана биле известени дека нивниот син се обесил, а потоа за руските медиуми тоа го потврди и министерството.

Руското министерство за одбрана ја потврди смртта на војникот во воздухопловната база во Сирија, соопштувајќи дека момчето „извршило самоубиство за време на одморот по дежурството, како и дека се спроведува истрага за сите околности за оваа трагедија“, пренесува агенцијата ТАСС.specijalci rusija

Од министерството истакнале дека според првичните информации, вклучувајќи ги и смс пораките од неговиот мобилен телефон, најверојатно причина за неговата смрт е нарушените односи со неговата девојка.

Агенцијата Reuters, пак, пренесува дека неговите родители не веруваат дека нивниот син извршил самоубиство. Мајката Светлана изјавила дека со него разговарала во саботата, наводно денот кога умрел, и дека бол расположен и се смеел.

Костенко бил помошен персонал во руските воздухопловни сили. Потпишал договор на 20-ти јуни годинава и бил испратен во Сирија на 14-ти септември, две седмици пред почетокот на руските воздушни удари против Исламската држава.

Западните медиуми јавуваат дека за неговата смрт известила ЦИТ, група блогери која претходно била ангажирана на откривање на наводни можни загинувања на руски војници во Украина. ЦИТ во вторникот јави дека добил информација за смртта на војникот по договор од социјалните мрежи.

Иако Западот води кампања против руските воздушни удари во Сирија, засега поддршката за оваа операција меѓу Русите е повисока од 70 отсто. По само две седмици од почетокот на руската операција против Исламската држава (30-ти септември, истражувањата на јавните мненија покажа дека повеќе од две третини испитаници, или 71 отсто од 27.000 испитаници, во Обединетото Кралство ги поддржале акциите на Русија во Сирија, според анкетата што ја направи британскиот магазин Daily Express, додека во анкетата на телевизијата FoxNews, 46 проценти од испитаните Американци сметале дека руските операции се „силни и умешни“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1