Како да препознаеш фалсификат од оригинал патики


Пазарот е преплавен со фалсификати што изгледаат толку веродостојно што нема ни да се посомневате пред да стане предоцна. За да не ви отидат парите фира, ви откриваме неколку проверени начини да провалите дали се работи за оригинал или за фејк Најк патики, што не значи дека истите правила не важат и за другите брендови:Zapleneti-patiki

1. Суди по амбалажата
Најголем дел од фалсификатите Најк патики не доаѓаат во оригиналната кутија. Често се спакувани само во пластична ќеса и без кутија. Од друга страна, кога имаат кутија, картонот е далеку понеквалитетен и помек од оној на оригиналната кутија.

2. Провери го составот на етикетата
Ако веќе поседувате пар Најк патики, споредете ги со оние што планирате да ги купите и добро прочитајте го составот на етикетата. Фалсификатите значително се разликуваат по квалитетот, а ова се некои од знаците кои ќе ви навестат дека во рацете не држите оригинален пар:
– оригиналните Најк патики се секогаш помеки, бидејќи се правени од вистинска кожа, за разлика од лажните
– фалсификат патиките имаат видливи точки и дупчиња настанати при производство

3. Позицијата на врвките
Погледнете како се наместени врвките. Кај фалсификатите, главно се прескокнати некои од дупчињата за врвки.

4. Фабрички број
Сите оригинални Најк патики имаат свој единствен фабрички број (SKU number), кој е впишан на етикетата на внатрешноста на патиката и треба да се совпаѓа со оној на кутијата. Ако бројот таков број не постои или оној на патиката не се совпаѓа со оној на кутијата, се работи за фалсификат.

5. Пробајте ги
Фалсификат патиките воглавно не одговараат на вообичаените, регуларни големини. Обично се за околу половина број помали од она што би требало да бидат.

НА ИНТЕРНЕТ

Најлесниот начин да наседнете на лажен производ е кога купувате на интернет. Затоа:

1. Информирајте се за интернет продавачот преку кој купувате
Пред да нарачате патики, добро проучете го веб-сајтот од кој планирате да купите. Прочитајте ги оценките и коментарите на другите купувачи, но бидете внимателни – некои сајтови одобруваат само позитивни коментари. Соберете информации од повеќе места.

2. Избегнувајте ги сајтовите кои користат универзални фотографии
Ако веб-сајтот користи генерични фотографии, а не автентични, од конкретниот модел и пар што го продава, тоа е сигурен знак дека сте на добро место за залудно фрлање на парите.

3. Внимавајте на големината
Од некоја непозната причина, поголемиот дел од фалсификаторите не продаваат US големина 9 и броеви поголеми од 13 (US).

4. Нереално добра цена
Кога цената е премногу добра за да е вистинита, обично и не е. Избегнувајте ги моделите чија онлајн цена е многу пониска од продажната – несомнено се работи за фалсификат.

5. Не нарачувајте модели кои се достапни онлајн пред да се најдат на рафтовите во продавниците
Звучи како здрав разум, но многу луѓе паѓаат на оваа фора, водени од нетрпение и желба што побрзо да дојдат до најновиот модел.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1