Потврдено обвинението на Хаг, Тачи поднесе оставка


Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против Хашим Тачи, потврди косовскиот претседател на конференција за медиумите во Приштина.

„За да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, денес поднесувам оставка на местото претседател. Се чувствувам многу горд на оваа одговорност што ја имав. Во овие нови околности ги повикувам политичките сили да бидат внимателни да не ја продлабочат скапата институционална криза, земјата нема време за губење, мора да ја одржи смиреноста“, кажа Тачи.

Обвинението против Тачи, Кадри Весељи и девет припадници на УЧК Специјалното обвинителство го поднесе на 24 април, а шестмесечниот рок за негово потврдување истече на 24 октомври.

Тачи, Весељи и другите се осомничени за низа воени злосторства на Косово, меѓу кои и речиси 100 убиства. Жртви на кривичните дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат и меѓу кои има косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници, соопшти претходно Специјалното обвинителство.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1