Потврдено: Остатокот од крилото му припаѓа на исчезнатиот малезиски авион


Остатоците на авионот, исфрлени на брегот на островот Реунион (дел од крилото) во Индискиот Океан, и официјално се идентификувани како делови од „Боингот 777“, истиот модел на кој му припаѓаше малезискиот авион на летот МХ370, што исчезна на почетокот на минатата година, соопшти министерот за сообраќај на Малезија Лиов Тионг Лаи.malezija-erlajns

Според неговото соопштение, верификацијата ја извеле француските власти, претставници на компанијата „Боинг“, американската Национална управа за безбедност во сообраќајот и малезиската екипа во која, меѓу останатите, биле претставници на Отсекот за цивилна авијација на оваа земја и авиопревозникот „Малезија ерлајнс“, на која и припаѓаше исчезнатиот авион, пренесуваат британските медиуми.

Во меѓувреме е пронајден и предмет што може да биде дел од вратата на исчезнатиот авион, објавија денеска светските медиуми.

Дописникот на „Скај њуз“ Дејвид Бауден напоменува дека новиот дел е пронајден на друга локација – додека делот од крилото беше најден на плажа кај градот Сен Андре, можниот дел од вратата е пронајден во блискиот главен град на Реунион, Сен Дени.

На новопронајдениот дел има натписи на кинеско и малезиско писмо.

Се верува дека тој се наоѓал од внатрешната страна на авионот.  

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1