Потврдено: Пандев се сели во Галатасарај


Горан Пандев стави потпис на двегодишен договор со Галатасарај, со ова заврши дилемата каде ќе настапува поранешниот репрезентативец на Македонија следната сезона.

Pandev-wants-to-face-Inter-Milan-in-the-Champions-League-and-happy-with-life-in-Napoli-117165Извесно беше дека Пандев е на излезна врата кај Наполи но изненадување е неговиот трансвер кај Галатасарај, претходно се споменуваше Милан како негова најверојатна дестинација. Пандев во Италија настапуваше за три екипи, Лацио, Интер  и Наполи, одигра вкупно 315 натпревари во калчо лигата каде 73 пати се запиша во листата на стрелците.

Во Галатасарај тренер е Чезаре Прандели, довчерашниот селектор на Италија, во турскиот гигант настапува Весли Снајдер со кого Пандев играше во Интер. Официјална промоција  на Пандев како нов играч на Галатасарај според медиумите од Турција е закажана за утре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1