ВИДЕО: Милиони скакулци го нападнаа главниот град на Мадагаскар


Наезда на скакулци врз главниот град на Мадагаскар, Антананариво во четвртокот предизвикала сообраќаен метеж. Небото било исполнето со инсекти кои ја напаѓаат оваа африканска нација веќе повеќе од две години.

 

skakulci500Овие наезди започнале во април 2012 година, заради што властите на Мадагаскар морале да прогласат состојба на национална катастрофа. Оттогаш овој проблем опстојува.

Во септември минатата година во оваа островска држава најавен е тригодишен план на итна помош затоа што скакулците ја загрозуваат и храната наменета за 13 милиони луѓе, или 60 отсто од населението на Мадагаскар.

Од ФАО изјавиле дека скакулците биле привлечени од невообичаено високите температури.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1