Потврденo: Тамифлу е бескорисен за вирусот Х7Н9


Лабораториско истражување покажа отпорност на вирусот на новиот птичји грип Х7Н9 кај тројца пациенти на вообичаените лекови, вклучително и „Тамифлу“, објави денеска британскиот медицински магазин „Лансет“.

tamiflu– Очигледната леснотија со која се појави резистентноста на вирусот Х7Н9 на единствената достапна терапија предизвикува загриженост, истакнуваат кинеските експерти, кои работеле на истражувањето.

Истражувањето е спроведено меѓу 4 и 20 април на 14 лица заразени со вирусот Х7Н9, кои се сместени во шангајскиот Клинички центар за народно здравје.

Сите пациенти примиле антивирусна терапија, но само кај 11 дошло до намалување на бројноста на вирусот, додека кај тројца таа се задржала висока, поради што пациентите морале да бидат ставени на апарати за дишење. Двајца од нив се починати.

Кинеските здравствени власти претходно објавија дека веќе втора недела во земјата не е регистриран ниту еден нов случај на заразени со вирусот Х7Н9. Новиот вирус на птичји грип во Кина зафати вкупно 130 лица, од кои досега 37 починаа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1