ОБВИНЕНИЈА ЗА ОРГАНИЗАТОРИ НА ТВ – ЕМИСИИ СО ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИЦИ


Српското Обвинителство за организиран криминал соопшти денеска дека спровело истрага и покренало обвиненија против 18 лица за учество во криминална група, која организирала телевизиски игри и астролошки емисии, мамејќи ги граѓаните, дека со учеството во игрите можат да освојат големи награди.

prevara-kviz-kvizovi-dobitnici-tv-super-tv-most-1354138096-235077Обвинети се сопственици и директори на фирмата „Фонлидер“ со филијали во Србија, Германија, Црна Гора и Република Српска, на српските телевизии Дуга и Астро и повеќе други компании, кои учествувале во измамите.

Во текот на истрагата е утврдено дека во периодот од 1 јануари 2009 година до 27 ноември 2012 година групата организирала телевизиски игри, во кои граѓаните требало да испратат СМС или да се јават во студиото на телефони со специјални тарифи од 0,5 до две евра за минута. По поврзувањето тие биле оставени долго да чекат за да бидат вклучени, со цел да се зголеми цената, која ќе ја платат.

Ниту еден од учесниците во игрите не ја добил ветената парична или друга награда. За да се создаде илузија дека игрите се фер во емисиите одвреме на време се јавувале членови на криминалната група, чија задача била да се прикажат како учесници, кои добиле награда.

На истиот принцип биле организирани и астролошките емисии.

Според обвинението од тие емисии групата остварила незаконска добивка од околу 503 милиони динари (околу 4,5 милиони евра), оштетувајќи над 160 илјади граѓани, кои се јавиле или испратиле СМС не само од Србија, но и од Швајцарија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Шведска и Данска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1