Повик за собир за поддршка на македонската полиција


-Сите граѓани, стари и млади и од сите националности Ве повикуваме  да се собереме на плоштадите во 23 градови во Република Макдонија да ја изразиме нашата поддршка и почит на македонската полиција. Да се заблагодариме за нивниот патриотизам, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и соживот, воспоставување на ред и владеење на законите, стои во објавата на Фејсбук страната „Поддршка за македонските безбедносни сили“.

 Даниел Краљевски / Think.mk

Даниел Краљевски / Think.mk

-Со почеток во 19 часот на плоштадите во 23 градови во државата сите граѓани да покажеме благодарност за тоа што не бранат и не чуваат, обезбедуваат сигурност. Време е секој граѓанин да ја изрази својата почит кон современите херои на нашата заедничка држава, полицијата, се вели во повикот.

Собирите ќе бидат мирни, мирољубиви, така што од сега посочуваме дека нема да биде потребно дополнително ангажирање на полицијата и никако намерата не е нејзино дефокусирање, туку напротив наша благодарност за нивното несебично залагање.

Повикот за собир е за утре во 19 часот на плоштадите во:

· Велес,

· Кавадарци,

· Неготино,

· Гевгелија,

· Валандово,

· Струмица,

· Берово,

· Пехчево,

· Делчево,

· Кочани,

· Македонска Каменица,

· Виница,

· Штип,

· Пробиштип,

· Свети Николе,

· Кратово,

· Крива Паланка,

· Кичево,

· Охрид,

· Битола,

· Прилеп,

· Ресен,

· Скопје и тоа:
– Општина Гази Баба (плоштад “Филип II”)
– Општина Кисела Вода (просторот “Кај Злате”)
– Општина Ѓорче Петров (плоштад “Делфина”)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1