Синдикатот предложил заострување на казнената политика за работодавачите кои не го почитуваат закнот за минимална плата. Предлогот, кој опфаќа забрана за работа на фирмата од 15 дена, е прифатен од социо економскиот совет и ќе влезе во владина процедура.
Според информациите на сојузот на синдикати, 8% од компаниите во државата не ја исплаќаат минималната плата од 8,050 денари.
Митревски вели дека повеќето фирми веќе исплааќаат регрес за годишен одмор, а останатитте имаат рок за тоа до крајот на годината. Предупредува дека работодавачите кои од раобтниците ги бараат парите назад ќе одговараат кривично.
За регресот во администрацијата се уште се преговара со владата.