Француската Влада денеска соопшти дека издала наредба за повлекување од продажба на млеко и млечни производи на компанијата „Лакталис“ во Франција и во странство, поради стравување дека постои опасност тие да се заразени со салмонела.
Според Париз, станува збор за „огромни“ количества на млеко и млечни производи од францускиот прехранбен гигант.
Во соопштението е наведена листа на над 600 производи на „Лакталис“, кои се повлечени од продажба и е забранета нивна консумација и извоз.
Покрај во Франција, млекото и млечните производи за кои постои сомнеж дека содржат салмонела, меѓу останатите земји, се продавале и во Алжир, Бангладеш, Велика Британија, Грузија, Грција, Кина, Мароко, Перу, Пакистан и Романија.