Едно лице почина како последица на тепачка што вчера попладне се случи на улица „Будва“ во Охрид.
Портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата и најави повеќе информации во текот на денот.
Според првичните информации, до инцидентот дошло поради банална причина односно вербална расправија која преминала во жестока и насилна тепачка. Притоа смртно настрадало повозрасно лице на 60-тина години кое им подлегнало на здобиените тешки телесни повреди во тепачката.