Повреден маж откако на него налетал глисер во охридското езеро


Повреден маж во Охрид итно пренесен во болница со тешки повреди, откако на него налетал глисер.

Имено вчера околу 18,00 часот во Полициска станица Струга пријавено било дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, од глисер управуван од Б.Л. (43) од село Франгово,струшко повреден е С.Ч. (60) од Струга.

Истиот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1