Повредени 2 деца и 7 возрасни – сообраќајка во скопски Припор


Девет лица од кои две деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 10 минути ред полноќ во скопски Припор, дознава Курир.

policija-skopje1-540x320Од полицијата за Курир ја потврдуваат несреќата посочувајќи дека истата се случила при судир на два автомобили „Голф“ во кој се наоѓале жители на селото Чифлик.

Според нашите информации сите лица се здобиле со телесни повреди, седум од повредените се пренесени во Ургентниот центар, а две лица во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Во едниот автомобил се наоѓале возачот Х.С. (33), две жени Х.С. (29) и  Ѓ.С. (56) и двете деца, неколку месечно бебе и тригодишно детенце.

Четири члена на едно семејство биле во вториот автомобил: мажот кој го управувал автомобилот В.С. (33) и три жени А.С (42), С.С. (42) и Н.С. (40).

По несреќата полицијата извршила увид, а патот бил затворен за сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1