Тешка сообраќајка кај Струмица – еден загинат


Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 5:30 часот на магистралниот пат Струмица- граничен премин Ново Село.

nesrekja soobrakjajka policija patВо несреќата дошло до судир меѓу товарно возило Мерцедес и автомобил Ауди А4, двете со струмички регистерски таблички.

Во несреќата на повредите им подлегнал 26-годишниот возач на Аудито Александар П. од струмичко Моноспитово. Со повреди се здобил неговиот сопатник М.К. кој е пренесен во струмичката болница.

Полицијата се уште извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1