Дали комшијата ви краде интернет – еве како да проверите (Видео/Линк)


Мрежата ви е преоптоварена, а не знаете од што. Можеби се сомневате дека соседот ви краде интернет. Сега може лесно да проверите дали е така – и кој се „цица“ од вашиот интернет – Who Is On MY Wi-Fi го прави токму тоа што е наведено во името.

wi-fiОткако ќе го инсталирате, алатот Who Is On My Wi-Fi можете да скенирате околу кон напредно поставениот распон на IP или целокупната мрежа во близина. Ќе добиете IP и MAC адреси, називите на сметките, статив врските и се останато. Преверете кој се вашите уреди, а кои се потенцијалните „шверцери“.

Да биде работата уште позабавна, не морате да имате право на пристап на администраторите за да го користите, дури и ако сте обичен корисник, можете да покренете и да видите кои се ви виси на мрежата, пишува Lifehacker. Се разбира, сето тоа не ви е важно за вашата домашна мрежа. Ако се посомневате дека некој ви го цица вашиот Wi-Fi или ја открил која шифра ја користите, можете да го откриете на тој начин со тоа што ќе се логирате на рутерот и ќе проверите.

Апликацијата би можела да биде корисна во случаите кога користите туѓ WI-FI, па проверете ја и другата мрежа, покрај својата. Внимавајте ако ваквата истрага планирате ја да направите во својата фирма, па пред да душкате по мрежата, имајте на ум дека би можело да дојде до узбуна во одделот задолжен за IT и да ги наљутите луѓето кои што работат на нејзе.

Who Is On MY Wi-Fi е бесплатна, работи на Windows оперативните системи и бара Microsoft.NET framework како поддршка. Можете да ја најдете овде.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1