Повредени 48 патници во превртениот автобус на ЈСП


Четириесет и осум лица се полесно повредени при денешното превртување на автобус број 67 на ЈСП Скопје на влезот во Драчево. Повредените се пренесени во Ургентниот центар, ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.

663997809B4F6C4EAEFE4A6B3A9B044DОд вкупно 30 пациенти со контузии по телото кои се донесени во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и на кои им се направени потребните снимања и испитувања, 28 се пуштени на домашно лекување. Една жена со контузија на главата е задржана на Одделението за невротраума, а еден маж со фрактура на лумбален слабински пршлен е примен на Одделението за трауматологија, информираат од јавна здравствена установа. Двајцата пациенти се во добра општа состојба, но поради претпазливост се задржани на лекување, јавува Утрински.

Во Ургентниот центар се донесени 13 пациенти на кои им се вршат дијагностички испитувања. Во моментов сите се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност. Во ГОБ „8 Септември“ се донесени пет лица со набиеници на меки ткива и без скршеници кои се пуштени на домашно лекување.

Автобус број 67 на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје кој сообраќаа на линијата од Транспортен Центар – Зелениково се преврте изутрината во 6:10 часот на ул. „Драчевска“. Екипи на СВР-Скопје вршат увид на местото на настанот и ги утврдат причините за несреќата.

Фото – Утрински

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1