Повредени патници од Македонија во тешка сообраќајна несреќа во близина на Линц


Нема загинато ниту еден од патниците во тешката сообраќајна несреќа помеѓу македонскиот автобус и камион на автопатот Линц Австрија што утринава се случи околу 6 часот.

Од македонското МНР потврдуваат дека во автобусот имало 18 македонски државјани од нив двајца биле со потешки телесни повреди, но надвор од животна опасност, а 6 патнци се полесно повредени.

Според австриските медиуми сите повредени се згрижени во болница. По судирот на двете возила камионот натоварен со дрва му се превртела кабината а возчаот останал заробен. На местото пристигнале спасувчки екипи и тешко повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница. Засега се уште нема потврда за која турситичка агенција станува збор.

На местото на несреќата се уште се врши увид и од МНР потврдија дека по добиените информации од страна на македонската амбасада од Виена ќе дадат дополнителни објаснувања за несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1