Заев по повод 11 Октомври: Патриотизам значи да го почитуваме минатото, но и да изградиме стабилна иднина


Премиерот, Зоран Заев присуствуваше на заедничката прослава во организација на општините Прилеп и Куманово на големиот државен празник 11 Октомври, Денот на народното востание, којашто се одржа во централното градско подрачје во Прилеп.

„Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Но, патриотизмот не завршува тука. Нашиот патриотизам, идните генерации ќе го почитуваат само ако им дадеме повеќе причини за тоа. Патриотизам е да ја осигураме иднината на нашата земја и нашите деца. Tука да создадеме можности за нашите синови и ќерки, во Македонија. Тоа e патриотизам.

И затоа и денеска можеме да кажеме дека сме повторно пред историски избор. Оваа генерација треба одлучно и храбро да го направи исчекорот за остварување на нашата стратешка цел во оваа фаза од нашата историја – Егзистенција за секого. Европски животен стандард. Осигурани граници. Безбедност. Стабилност. Признаен идентитет. Сето ова преку членството во НАТО, а потоа и членството во Европската Унија“, истакна премиерот во своето обраќање на свеченоста.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1