Повредениот свештеник чие семејство загина во Македонија се лекува во Белград


Повредениот српски поп чие семејство вчера загина во тешката сообраќајка кај Гевгелија е транспортиран во Белград. Откако старешината на храмот Свети Сава дознал дека неговата сопруга и двете деца се мртви, лично побарал да биде вратен во неговата земја. Итно било испратено возило на Брза Помош од белградската  ВМА кое утринава го презеде Радивој Паниќ од Ургентниот центар во Скопје. На скопските клиники старешината бил примен со повеќе скршеници и фрактури, но тоа не било пречка за транспорт, пренесе Сител.radivoje-panic

Несреќата се случи вчера во утринските часови кога возило со српски регистарски таблици управувано од 54 годишниот Паниќ удрило во друг автомобил а потоа во метален столб. На лице место починала сопругата Татјана, а синот Никола и ќерката Симеона им подлегнале на повредите во гевгелиската болница. Паниќ бил во свесна состојба и постојано прашувал што се случило со неговата сопруга и децата.

Старешината Радивој Паниќ пред дваесетина дена во интервју за Сител зборуваше за деценискиот спор меѓу двете цркви.

Најверојатно замор била причината што Паниќ изгубил контрола и удрил во металниот столб. Патувале цела ноќ на пат за Грција каде старешината 20 дена требало да има богослужби. Во Белград останала неговата најстара ќерка Кристина која во последен момент се откажала од фамилијарниот одмор, објави телевизијата.

Денеска во Белград ќе бидат пренесени и телата на починатата Татјана и децата Никола и Симеона.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1