Попладнево во Штип, додека група ученици се фотографирале околу споменикот на Александар Македонски во Штип, се откачила една од страничните мермерни плочи при што едно дете е повредено.
Другарчињата повикале такси и го однеле во болница. На лице место увид изврши штипската полиција. Споменикот е донација на приватен штипски бизнисмен а во 2012 година при реконструкција на градскиот плоштад од тогашната градска власт, беше преместен преку соодветна процедура, со изведувач и надзор над работите.
По поставувањето на споменикот на Александар, постаментот беше обновен со нови мермерни плочи кои исто така се донација од поставувачот на споменикот. Околу споменикот постојано има луѓе кои се фотографираат, но се уште не е утврдено прирчините што довело до тоа плочата да падне.
Фото – 1.mk