Освен шиење на хименот се повеќе жени правеле и моделирање на вагиналните усни ( лабиопластика) и вагинопластика или стеснување. Овие пациентки ова го прават од естетска но и од функционални причини. Ова разубавување на вагината чинело и до 1500 евра.
Околу 1000 девојки годишно плаќа за да повторно станат девици. Според истражувањата пациентките најчесто на операција доаѓале со мајките или другарки.
Вакви зафати се прават во новосадската клиника ,,Пекиќ,, а др Предраг Матејин изјавил дека специјалистите за пластична и естетска хирургија на балканот ја нудат и оваа услуга – зашивање на хименот.
Таканаречената хименопластика цутела и на Балканот, а најчести пациенти се млади девојки кои сметаат дека ја изгубиле невиноста со погрешен но имало случаи кога сакале операција за да го изненадат партнерот за годишница да му го дадат повторно чуството да им биде прв. Сепак најчести пациенти биле од руралните средини каде девојките пред мажење се подлоѓуваат на оваа операција за да бидат ,,недопрени,, пред свадбата, велат лекарите.
Најчесто тоа се девојки на возраст меѓу 20 и 25 години. Од балканските земји најголем број на овие зафати имало меѓу црногорките каде сеуште има традиционални сваќања за бракот и невиноста.
По зашивањето на хименот, божемниот прв сексуален однос мора да се случи во рок од 2 до 4 недели бидејќи лузната може да стане појака што подоцна би ја отежнал пенетрацијата или сосема би ја оневозможил. Како што пренесува Новости во тој случај , доколку се задоцни ќе мора зашиениот химен хируршки да се остранува за воопшто да може да се има сексуални односи.
Во Србија цената за повторно невина е од 700 до 1000 евра.
Освен шиење на хименот се повеќе жени правеле и моделирање на вагиналните усни ( лабиопластика) и вагинопластика или стеснување. Овие пациентки ова го прават од естетска но и од функционални причини. Ова разубавување на вагината чинело и до 1500 евра.