Повторно родени? 3 год дете до детал го знае Титаник, 6 год пак сите говори на Хитлер –


Мистериозните приказни, понекогаш колку и да се бизарни, успеваат да не заскокоткаат со својата тематика.

Наводно, во светот постојат бројни случаи на мали деца кои раскажуваат како да преживеале нешто големо, што потсетува на некој историски настан.

reinkarnationПостојат примери каде 3-годишно детенце имало темелно познавање за внатрешноста на Титаник, 6-годишно  момче можело да ги преведе говорите на Адолф Хитлер, или 3 годишно дете ги знаело сите делови од кои што е составен авионот.

Љубителите на мистеријата знаат дека за поединечни случаи постојат и бројни документарци, како и разговори што се обидуваат да разоткријат како е тоа возможно.

Макар и да звучи чудно, многу луѓе сметаат дека ваквите случаи се сигурен знак за повторното раѓање на овие деца.

Верувањето во реинкарнација датира уште пред  многу векови, кај бројни  општества и народи, но научните оправдувања за овој процес се малку.

Во последниве години, сепак се продуцирани многу формати на оваа тема, кои всушност предизвикуваат интерес кај многу луѓе.

Постојат меѓутоа неколку сигурни знаци кои според Сандра Алварез-Смит значат дека детето ви се преродило. Таа  интервјуирала  многу деца во изминатите години, за кои се смета дека биле некој друг во претходниот живот.

duhovi-foto5Однесување на постар човек

Според бројни документирани случаи,  децата кои се реинкарнираат  имаат однесување на возрасни и всушност интелектуално се развиваат многу побрзо од своите врсници.

Специфични спомени од претходниот живот

Децата  кои се претпоставува дека се преродиле  велат: „Бев на возот” или „Би требало да сум бил …”.

Спомени за насилство

Повеќето деца кои имаат спомени дека биле некој друг во исчезнатиот  живот имаат и спомени за насилна смрт.

Необјаснето познавање на странски јазици

Децата кои имаат спомени дека биле некоја личност во претходниот живот имаат и знаење за јазикот кој се зборувал во минатиот живот, како 6-годишно дете кое ги преведува  зборовите на Адолф Хитлер без никој од неговите роднини да го учел германски јазик .

duhoviПрикажување на нивната смрт преку цртежи

Дел од интервјуираните деца го отсликале трагичниот крај во минатиот живот преку цртежи.

Спомени од периодот „меѓу“ животот

Децата кои веруваат дека биле некој друг во претходниот живот имаат спомен за периодот „меѓу настаните”. Покрај тоа тие велат дека ги набљудувале  своите родители  од прозорец во Рајот пред да се родат.

Иако сево ова звучи откачено, ви препорачуваме да погледнете некоја документарка, ако не друго барем ќе ви го задржи целото внимание.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1