Повторно визи за во Европа


Европската комисија на следната седница ќе ја разгледува денешната одлука на Европскиот парламент, кој со мнозинство гласови ја одобри клаузулата за суспензија на безвизниот режим, пренесуваат европските медиуми.

Овој механизам се однесува не само за земјите од Западен Балкан, туку за сите кои имаат безвизен режим со Шенген зоната. Целиот проблем се сведува на зголемениот наплив на лажни баратели на азил од Западен Балкан.

viza-630x376Пред неколку месеци Унијата го одобри механизмот на суспензија на безвизниот режим за трети земји во итни ситуации, и во случај на злоупотреба на сегашниот систем, а првиот чекор од евентуалното одобрување од Еврокомисијата на оваа денешна одлука од Стразбур ќе значи пред сè голем ризик за граѓаните од Западен Балкан, а меѓу нив и Македонија.

Во клаузулата која денеска ја одобрија 328 европратеници се нагласува дека секоја држава од ЕУ која ќе процени дека има наплив на азиланти, ќе може со одобрение од Брисел повторно да ги воведе визите за период од шест месеци до една година, а по изминувањето на овој рок, ќе се бара повторно одобрени од Европската комисија.

Европарламентот денеска со 328 гласа „за“, 257 „против“ и 48 воздржани го изгласа извештајот на шпанскиот европратеник од редовите на Европската народна партија, Диаз де Мера кој побара да се одобри механизмот за суспензија на безвизниот режим во одредени случаи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1