Кај велешкото село Белештевица во правец на ридот Гроот над Велес попладнево околу 14 часот избувна пожар, пренесе МИА.
На терен е Противпожарната единица од Велес која работи на гаснење на пожарот, кој поради силниот ветер брзо се шири.
Според првичните информации, опожарени се трева и грмушки.