Неколку непознати лица запалиле напуштен дуќан на улицата Ѓорѓи Поп Христов во Скопје, синоќа еден час пред полноќ, информираат од МВР.
Огнената стихија зафатила уште два други дуќани и една книжарница. Во пожарот нема повредени, а причинета е голема материјална штета, чиј износ дополнително ќе се утврдува.