Скопјанец предизвикал пожар во куќата на неговиот татко во скопската населба Ченто. Во пожарот нема повредени, а изгореле две соби.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во петок околу 22,30 часот на ул. „Финска“ лицето С.Б. предизвикал пожар во куќата сопственост на неговиот татко. Огнот зафатил и опожарил две соби и за среќа нема повредени.
Предизвикувачот на пожарот е приведен, а причините за инцидентот сè уште се утврдуваат.