ВИДЕО: Неколку лица се борат за живот – се преврте автобус полн турски туристи кај Демир Хисар


Пред околу еден час во близина на демирхисарското село Жван се случила тешка сообраќајна несреќа – автобус што превезувал турски туристи се судри со камион .avi

Според првичните информации како што пренесува Канал 5 во несреќата потешко се повредени 5 лица. Тие се пренесени во болница во Битола.

Сообраќајна несреќа која се случила меѓу автобус со скопски регистарски таблички и товарно моторно возило  со приколка на патот меѓу демирхисраските села Сапотница и Жван кај местото викано Грбла, соопштија од битолската полиција.

Сообраќајната несреќа се случила во 13,45 часот. До сударот дошло додека автобусот се движел од Кичево кон Демир Хисар, а товарното возило во спротивен правец. Петте повредени лица се возеле во автобусот и според првичните податоци се работи најверојатно за турски државјани.

Од полиција не ја исклучуваат можноста бројот на повредени да биде поголем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1