По тешка сообраќајка, 13 год Виктор се мачи низ животот – сега има шанса – Бидете хумани


Да помогнеме едно дете, кое веќе 5 години нема среќно детство, во иднина да го живее животот како и останатите деца. Виктор Ангелковски на 8 години имаше сообраќајна несреќа и беше во страшна состојба. Се лекуваше една година во градската болница. Најголема повреда има на левата нога – нема мускул, а коленото му се витка околу 30 степени и на цела нога има пресадена кожа.

Сега Виктор има 13 години. Има деформитет на ногата и скратување и итно му е потребна операција за да не дојде до оштетување на десната нога и кичмата.

photo55.phpСемејството на Виктор апелира до сите хумани луѓе да помогнат онолку колку што се можност за следната операција воедно да биде и последна. Парични средства за Виктор Ангелковски може да се донираат преку

мрежата на ВИП на бројот 077 143 250 и

Т-Мобиле на бројот 070 143 106

како и преку жиро сметка на

НЛБ Тутунска Банка број 210-5016776319-27 на име Виктор Ангелковски.

Операцијата треба да се случи на крајот од месецов и истата е закажана во Русија. Семејството го доставува овој допис до сите медиуми, компании и организации со цел да се соберат што е можно повеќе донации бидејки третманот во болницата само за детето (Виктор) чини приближно 19.000 евра, невклучувајќи ги трошоците за авионски превоз, транспорт со специјално возило од-до болницата и аеродромот, престојот на мајката и дополнителните трошоци за исхрана бидејќи по операцијата Виктор треба да е на посебен режим за исхрана кој болницата го наплаќа дополнително.

Бидете хумани и помогнете!

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1