Пожар во грчка православна црква во Мелбурн


Пожар избувна во грчката православна црква „Благовештение“ во источниот дел на австралискиот град Мелбурн, јави ТАСС.

Огнот е забележан вчера попладне по локално време кога црквата била празна. За среќа пожарникарите се наоѓале на неколку стотина метри од црквата и тие успеале веднаш да го изгаснат пожарот.pozar 333

Причините за пожарот засега не се познати. Во тек е истрага за расветлување на случајот.

Ова е втор пожар во православна црква во Австралија во текот на изминатото деноноќие. Пожар претходно целосно ја уништи македонската црква „Воскресение Христово“ во Сиднеј. Причините за тој пожар исто така се непознати

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1