Жена се здобила со тешки изгореници откако вчера со сопругот запалиле сува трева со атерот на скопско Кадино.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера околу 10.30 часот на местото викано Трница во атер на село Кадино брачна двојка, која работела земјоделство ја запалила сувата трева во околината. Бидејќи тревата брзо горела, пожарот се распламнал и раширил со голема брзина.
При гаснењето со изгореници се здобила 70-годишната М.А. на која во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и се константирани тешки телени повреди.