4 безживотни тела се пронајдени во куќата на американскиот славен тенисер Џејмс Блејк на Флорида, откако пожарникарите биле повикани да дојдат да го изгаснат пожарот што го зафатил неговиот дом.
Пожарот избил вчера, а кога пожарникарите влегле во куќата за да утврдат дали има некој внатре, пронашле 4 човечки тела. Според ене извештај пожарникарите виделе околу главата на еден од убиените замотана трака со петарди.
Тенисерот не бил во куќата во моментот на пожарот, а според медиумите тој ја издавал куќата но не се споменува кој ја имал изнајмено. Според информациите во една од собите имало и поголема количина поротехнички средства поради кои пожарот и толку бргу се проширил. Истрагата е во тек