Чувајте си ги децата: Смртоносната дрога „сол за капење“ лесно се купува на интернет


Од МВР велат дека откако е ставена на листата со забранети супстанции, немало случај на заплена на оваа дрога, која прв пат е откриена пред неколку месеци, кај брат и сестра наркозависници од Битола, и кај жител од битолското село Трново.

droga sol za kapenjeНеколку клика со маусот и кредитна картичка се доволни за да се нарача пакетче од оваа дрога, позната како синтетичка верзија на кокаинот. Таа се продава по цена од 15 до 18 долари преку интернет-страницата „K2 Инсенс онлајн“.Нарачателот треба да плати дополнителни 15 долари за да стигне нарачката во рок од една недела или 50 долари ако му се брза и ако сака да ја добие за 24 часа. 

Дистрибутерот гарантира дека пратката ќе биде испратена во 100 отсто дискретно пакување. На дното од страницата стои дека производите што се нудат на продажба не се за консумирање, но и дека се за легална употреба.

станува збор за стимуланс на централниот нервен систем, сличен на кокаинот и на амфетамините. Од МВР не ја исклучуваат можноста дрогата да биде нарачувана преку интернет и како поштенска пратка да биде испрачана до зависниците, но тоа нема да биде едноставно бидејќи пратките се контролирани од Царинската управа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1