Повеќе од 500 лица се евакуирани од еден од најпопуларните лондонски хотели, „Мериот“ во централниот дел на Лондон, Мејфер.
Околу 300 од евакуираните биле новинари. Тие пристигнале во хотелот за да известуваат за церемонијата за доделување награди на новинари и вработени во британските медиуми.
Пожарот избувна во механизмот на еден од лифтовите на хотелот и речиси е локализиран.
Во несреќата, за среќа нема настрадани, а причините за пожарот се уште се истражуваат.