Таксист од Велес загина во стравотна сообраќајна несреќа откако со автомобилот удрил во камион. Возачот, кој управувал „шевролет матиз“ со велешки регистарски таблички, починал на самото место од сериозноста на здобиените повреди.
Во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10,00 часот на крстосница улица „АСНОМ“ – улица „Андон Шурков“ во близина на бензиската пумпа „Црна река“ во новиот дел на Велес, животот го загуби 45- годишниот С.А од Велес.
Како што информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и патнички автомобил.
– Во моментов, надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес во содејство со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес врши увид на лице место, појасни Стојковска.
Од службата на Брза помош велат дека тие на повикот веднаш стигнале на лице место,а повредениот обилно крварел и се уште бил жив, но на пат кон болница лицето починало