Пожарникарите добија бенефициран стаж – за 12 месеци работа добиваат 15 месеци стаж


Пожарникарите добија статус на овластени службени лица од областа на безбедноста. Ова за нив покрај повисока позиција значи и бенефициран стаж, односно за секои 12 месеци ефективна работа ќе им се сметаат 15 месеци пензиско осигурување. Со закон е решен нивниот статус, објави на Фејсбук, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.pozarna32

Со ова се овозможува и поголема заштита при извршувањето на нивните исклучително одговорни и значајни работни задачи и добивање на бенефиции и овластувања кој ги носи повисокиот статус. Покрај ова со законските измени, а согласно комплексноста, тежината и опасноста на работните задачи на пожарникарите, истите добуваат и бенефициран стаж, односно за секои 12 месеци ефективна работа ќе се сметаат 15 месеци стаж на осигурување.

Имајќи ја во превид комплексноста на задачите кои ги обавуваат, како и ризикот на кој се изложуваат со оваа најнова измена практично се нуди долгорочно решение во корист на пожарникарите.

Груевски потсети дека во ноември лани, за време на посетата на Охрид, вработен во територијалната противпожарна единица му ја посочил потребата од законско допрецизирање и регулирање на статусот на пожарникарите во земјава. По направените анализи и користење на искуствата од другите држави, барањето на пожарникарите е решено.

Пожарникарите задоволни што добија статус на службени лица од областа на безбедноста.

Владата го реши и статусот на 112 поранешни професионални војници кои утре ќе потпишат договори за вработување во државните институции.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1