Пожарот во Дебар Маало изгаснат, повреден пожарникар


Еден пожарникар е повреден при гаснењето на пожарот во стан на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески за МИА изјави дека пожарникарот е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде се вршат потребните испитувања.

Пожарот е локализиран и се работи на расчистување. На терен интервенирале 17 пожарникари со седум возила

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1