Американскиот музичар и актер Марк Салинг, кој стана популарен со телевизиската серија „Хор” е уапсен во Лос Анџелес, Калифорнија.
33-годишниот Салинг е обвинет за поседување на детска порнографија.
Потерницата му била врачена во неговиот дом.
Одведен е во притвор во една од полициските станици во градот.
Во 2013 година една жена поднесе тужба против него за домашно и сексуално насилство.