Познат гинеколог фатен на дело како врши прегледи во стан


Уште еден познат лекар од скопските клиники фатен на дело од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Како што дознава Zdravstvo24.mk, станува збор за гинеколог од државната Гинекологија кој бил фатен на лице место како врши гинеколошки интервенции во приватна здравствена установа сместена во стан.

ginekТој е трет лекар кој за неколку дена беше фатен од инспекторите како работи нелегално и спротивно на законот.  Согласно законските прописи може да заврши на дисциплинска во установата каде е вработен. Ќе добие и забрана да работи во приватни здравствени установи. Нема да се извлече и приватната ординација која го ангажирала докторот.

Извори за zdravstvo24.mk велат дека полека почна да се одмотува клопчето на нелегалните бизниси на лекари кои сакаат да печалат и во државното и во приватното здравство.

Вчера клуч на врата во период од 30 дена добија дијагностичката лабораторија Хистолаб како и дерматолошкиот оддел во Промедика медикал центар. Во првата професор од Онкологија иако не бил вработен во лабораторијата нудел услуги а работел и спортивно на законот за дополнителна дејност. Во втората установа на лице место била фатена лекарка од Пластична хирургија како изведувала реконструктивни зафати иако установата не била регистрирана за тоа.

Здравство24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1