ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ: Маж и жена, дипломати од Србија се киднапираните во Либија (Фото)


Познат е идентитетот на киднапираните српски дипломати во Либија. Според информации на српските медиуми се работи за Слаѓана Станковиќ, службеник во амбасадата и возачот Јовица Степиќ. Српското Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата за нивното киднапирање.Sladjana-stankvoic

Сопругот на Слаѓана, Александар исто така е дипломат вработен во Министерството за надворешни работи.

Службеници на српската амбасада во Либија се киднапирани., во време кога ситуацијата во Триполи е драматична. Возачот и офицер на српската амбасада во Либија се киднапирани во оваа земја, пренесува српски Блиц.

Како што се наведува, возачот и службеникот се киднапирани пред околу 14 часот денес.Libija-srpska-ambasada-otmica-620x350

-Тоа е точно и сите сме овде загрозени. Итно ни треба помош, изјавил амбасадорот Оливер Потежица за српски курир.

Во соопштението од министерството се вели дека се прават сите напори да се добијат повеќе информации од терен и да се обезбеди безбедно враќање на киднапираните српски државјани. Веќе стапиле во контакт и безбедносните служби на двете земји а и министерот Дачиќ разговарал за случајот со својот колега во Либија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1