Познат идентитетот на македонците кои загинаа – Калина била голем вљубеник во планинските предели


Телата на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан се пренесени во болницата во грчкиот град Јаница (Ениџе- Вардар), откако беа извлечени од спасувачките екипи, дознава МИА.

Смртта на 26 – годишната Калина Велевска и 35 – годишниот А.М., јавува дописникот на МИА од Атина, ја потврдија и од грчката противпожарн служба.
Починатите биле членови на планинарскиот дом „Трансверзалец“ со што тие биле и лиценцирани водичи и обучени за искачување на големи висини.

26 годишната Калина Велевска, член на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“, прерано го заврши својот млад живот на врвовите на Кајмакчалан…таа вчера целосно им се предаде на планините, објавува Ако.мк.

“Калина Велевска, по пад во бездна, загина на Кајмакчалан заедно со уште еден вљубеник во планинините 35 годишен маж, чиј идентитет се уште не е објавен. Калина и самата беше дел од екипата и сведок на драмата која се случи при нивното патешествие одејќи кон Титов Врв на Шара во 2016 година, кога дел од нејзините другари го грееа со своите тела 17 годишното момче кое падна во бездна, додека да дојдат спасувачите“, пишува порталот.

http://ako.mk/%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BB/

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1