Познат идентитетот на прегазениот пешак и повредените мотоциклисти кај Олимписки


Идентификуван е пешакот кој почина на лице место откако во него вчера удри мотоцикл на кој се возеле две лица.

Според информациите до кои дојде Курир, починатото лице е 79 годишниот Бошко С., кој на лице место им подлегнал на повредите.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар. Возачот и совозачот се полесно повредени.

Со мотоциклот управувал 18 годишниот Е.Б., кој е пренесен во Ургентниот центар, додека совозачот М.У. е пренесен во Градската болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1