Априлијада 2015 за Светскиот ден на шегата – еве што ќе се случува во Скопје


Дневниот дел од традиционалната манифестација по повод Светскиот ден на шегата ќе се организира под мотото „Скопје се смее” и е наменет за децата од  градинки и од училишта.

– Придружен дел на маските, како и изминатите години, ќе бидат игрите и песничките со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“ и хитовите од „Златно славејче“, соопшти Град Скопје.timthumb-34

Ноќната забава ќе почне во 21 часот кај „Порта Македонија“, ќе учествуваат изведувачите Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, диџеј Бабура и групата „The Noise makers”.

„ЕВН Македцонија“, пак, по повод 1 април, Денот на шегата, и 2 април – Светскиот ден на книгата за деца, во трговскиот центар „Капитол мол“ ќе организира маскенбал, на кој ќе продефилираат над 150 маски инспирирани од ликови од книгите за деца.

За најкреативните пет маски „ЕВН Македонија“ ќе обезбеди таблети со апликации за читање електронски книги.

Денот на шегата со забавни манифестации ќе го одбележат и скопските општини Гази Баба и Бутел во кои ќе учествуваат нивните најмлади жители.Манифестацијата во општината Бутел ќе биде натпреварувачка, така што ќе има награди за трите најубави првоаприлски маски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1