Познат идентитетот на трупот пронајден во Охрид


Во текот на вчерашниот ден во 09.55 часот во водите на Охридското езеро помеѓу селото Подмоље, охридско, и местото викано „Оровничка плажа“, на неколку метри од брегот, било забележано тело на непознато лице.

Телото било извадено од водите на езерото, бил извршен увид и било утврдено дека се работи за 54-годишниот Б.Ј. од селото Куратица, охридско.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1